Mclaren поминува целосно на хибридна технологија

Британскиот производител на суперавтомобили има намера да ја надгради идната моделска гама целосно врз хибридни технологии.Шефот на компанијата, Мајк Флеит, во интервју за Edmunds вели дека прогресивниот хибриден систем, кој се кристи за погон на предводникот P1 ќе се адаптира континуирано во помалите автомобили на McLaren во следните години.

За околу десет години Британците планираат да ја збогатат двојно својата гама. Веќе за идната година во план е лансирањето на основниот модел P13. Потоа доаѓа и евентуален наследник на P1, наречен P15, а за уште неколку години ќе биде лансиран и моделот P14. Сите тие ќе се потпираат на хибридна технологија, а во зависност од димензиите и класата на автомобил, таа ќе биде адаптирана соодветно.

- Реклама -