Мечтаеме за … густа коса!

Секоја жена сонува да поседува убава, густа и добро одржувана коса, но за жал природата не е благонаклонета кон секого. Ако сакате да имате густа коса ќе ви претставиме неколку совети кои е добро да го следите за да го добиете посакуваното.

Намалете ја должината на косата

Овој совет можеби нема да им се допадне на повеќето дами, но ова е еден од најефикасните начини за здрава коса. Ако ви е тешко да се разделите со голем дел од својата долга коса, тогаш барем на секои 2-3 недели е потребно да одземате од  должината со по 2-3 сантиметри, што му помага на влакното да остане здраво.

Често чешлање

Честото чешлање на косата помага таа да стане густа. Препорачливо е да изберете четка со масажер, бидејќи масажата го подобрува протокот на крв кон кожата, правејќи го влакното повеќе здраво и погусто.

Нега на коса

Не треба да ја миете косата со топла вода. Ова правило е особено изразно, ако косата ви е мрсна. Користете балсам за коса, бидејќи тој ги стимулира лојните жлезди и и помага косата да стане густа. Не заборавајте редовно да ја миете косата (препорачливо е два пати во неделата). Да бидете со валкана коса не е само лошо на изглед, туку е и многу штетно, бидејќи така влакната не ја добиеваат потребната храна.

 

Што ја попречува густината на косата?

На прво место треба да посочиме сонцето. Избегнувајте да ја изложувате косата на директна сончева светлина. Не е пожелно да се одлучите за метални чешли, туку со оние што се направени  од дрво. Жешкиот фен исто ја прави косата повеќе слаба и  кршлива. Обрнете внимание на начинот на исхрана, физичките вежби и прошетката на чист воздух. Не заборавајте дека надворешниот изглед е огледало на состојбата на целокупниот  организам!

- Реклама -