„Медена ноќ“ е единствениот македонски кандидат за Оскар

Друштвото на филмски професионалци на Македонија  донесе едногласна одлука со која за македонски кандидат на 88. издание за наградата Оскар на Американската академија за подвижни слики, уметност и наука за филмови од неанглиско говорно подрачје го избра единствениот пријавен филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков.
Според комисијата во состав Бранко Петровски, Даријан Пејовски, Емил Рубен, Владимир Самоиловски, Антонио Митриќески, Емилија Ивановска Атанасовска и Ѓорѓи Клинчаров, филмот кој ги задоволува естетско-продукциските стандарди и вредности.

medena-nokj-ivo-trajkov-1

„Медена ноќ“ е инспириран од  новелата ’Уво‘ на познатиот чешки писател и сценарист, Јан Прохаска.

Главните улоги ги толкуваат Верица Недеска и Никола Ристановски. Продуцент е Роберт Јазаџиски. Музиката ја компонираше Тони Китановски. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

- Реклама -