Во вторник на 30 јули во 20.30 часот и во среда на 31 јули во 20:30 часот ќе се одржат проекции на македонскиот филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков.
Со овие две проекции завршува јулската филмска програма во Кинотека.
Медена ноќ е македонски драмски филм од 2015 година во режија на Иво Трајков. Филмот беше избран за македонски кандидат за најдобар странски филм на 88. Оскари.