Здраво, вкусно и полесно! За време на постите, секогаш барам начин да создадам оброци кои се избалансирани со суштинските состојки како протеини, растителни влакна и јаглехидрати, истовремено задржувајќи ги вкусот и хранливата вредност. Така се појави замислата за овој оброк без месо – медитеранска паштета од наут во комбинација со протеински леб и зеленчук. Оваа паштета е одлична на парче леб и добро се вклопува во сендвичи или бурито. Поради тоа што не содржи масло, паштетата е погодна за оброк во време на пост на вода.
Состојки:
– 4 парчиња протеински леб
– 1 конзерва наут (400 г), со 240 г исцеден наут
– 10 несолени маслинки
– ½ мала лажичка лук во прав или 1 чешне лук
– 1 лажичка мелен црвен пипер
– ½ мала лажичка оригано
– 1 лажица свежо цеден сок од лимон
– 2 – 6 лажици течност (аквафаба) од конзервата
– Сол и мелен црн пипер по вкус
– Сечкани зеленчуци како домати, краставици, магдонос…
Подготовка:
Прво, печете го лебот на тостер или во тава. Потоа, отстранете им ги семките на маслинките. Во блендер или процесор за храна ставете ги наутот, маслинките, зачините како лук во прав, црвениот пипер, ориганото, додадете сок од лимон, течностa од конзерва, сол и мелен црн пипер. Измешајте додека не добиете уедначена смеса. Ако е густа, постепено додавајте од течноста од наутот. Нанесете ја паштетата врз печените парчиња леб и по желба додајте сечкани зеленчуци како домати, краставици и магдонос. На здравје!