Медицинска сестра на смртна постела: Заменив 5.000 бебиња

Елизабет Мвева од Замбија, поранешна медицинска сестра која ја губи битката со ракот и се наоѓа во болнички кревет, решила да си ги признае гревовите.

„Имам рак во терминална фаза и знам дека наскоро ќе умрам. Сакам да ги признаам своите гревови пред Бога и луѓето на кои им нанесов штета. Немам веќе што да кријам, заменив околу пет илјади бебиња“, признала Елизабет. Да биде уште побизарно, вели дека тоа го правела од забава и „некои навики“.

„Знам дека погрешив пред Бога и пред своите Замбијци. Нека ми простат за сè што им направив на тие недолжни деца. Предизвикав и развод на неколку парови, кои по ДНК тестирањето открија дека децата не се нивни… На многу мајки им предизвикав болка со тоа што доеја деца кои не беа нивни. Не сакам да одам во пеколот, навистина ми е жал“, се исповедала сестрата.

Прочитајте и:  Турција: Криминална група и медицински лица обвинети за усмртување на бебиња за пари, обвинителот бара над 500 години затвор

Се работи за период од 12 години, додала таа, од 1983 до 1995 година. Апелира до сите што имаат сомнежи да направат ДНК тестирања.

- Реклама -