Меџити во Вашингтон: Северна Македонија има нов почеток, разликата од порано е што се нудат нови кадри, без хипотеки, без политички багаж

Северна Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, туку се подготвени да се соочат со корупцијата, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард.

Ова го изјавил првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој е во официјална посета на САД и каде на покана на Атлантскиот совет учествува на деветтата годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа.

– Станува збор за нова коалиција од пред само една година, која ја сочинуваат четири политички субјекти, што во основа е револуционерна работа на политичката сцена на Северна Македонија. Ни треба малку време да се усогласиме, да се запознаеме и да работиме под чадорот на ВЛЕН. Но, разликата од порано е што се нуди нова рамка, без хипотеки, без политички багаж. И мислам дека Македонија има нов почеток. Во Владата има партнери кои не носат хипотеки од минатото, но се подготвени да се соочат со корупција, да се заложат за економски развој и подобрување на животниот стандард. Нашиот фокус е на децентрализацијата. Мислам дека сето тоа ќе даде нова динамика и ќе ја врати надежта кај младите за да не го гледаат заминувањето од државата како единствена алтернатива, изјавил Меџити во интервју за Гласот на Америка.

Прочитајте и:  Ден на албанската азбука: Ниту едно добиено право не може да се укине или ограничи - му порача Меџити на Уставен суд
- Реклама -