Медведев: САД никогаш нема да ги укинат санкциите за Русија, таква им е политиката

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека е наивно да се очекува дека Вашингтон некогаш ќе ги укине економските санкции врз Москва. Според него, во прашање е политика до која САД се придржуваат веќе долга низа години.

„Можам искрено да ви речам, тие никогаш нема да ги тргнат санкциите за Русија, затоа што нивната политика е таква – барем 100 години наназад, базирана на континуирана употреба на санкции против нашата земја, без разлика како таа и да се викала – Советски сојуз или Руска Федерација“, изјави Медведев.

Одговарајќи на прашања на корисниците на руската друштвена мрежа Vkontakte, Медведев истакна дека не постои „ниту еден историски период во кој воопшто немало санкции“, пренесува руската новинска агенција „Тас“.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Тој оцени дека ставот на Вашингтон е „за жалење“, бидејќи  во одредена мера ја подрива меѓународната соработка и ја спречува Русија да работи заедно со САД на решавање на клучните прашања кои се однесуваат на глобалната безбедност и економскиот развој.

- Реклама -