Mega-Golf со 503 коњи

Volkswagen достави официјална информација за концептниот спортски модел врз Golf GTI од седмата генерација. Неговото име е Volkswagen Design Vision GTI, а под неговата хауба е V6 мотор со моќност од 503 КЅ. Премиерата е закажана за тјунинг-фестивалот во Вортезе во Австрија.

Димензиите на тркачкиот хот-хеч се должина од 4.253 милиметри, ширина – 1.870 и висина 1.385 mm. Tој е за 15 mm пократок, за 71 mm поширок и за 57 mm понизок од стандардниот Golf GTI. Растојанието помеѓу предните тркала се зголемило за 57, а кај задните за 64 mm.

853_golf-vision-470-1

Тркачки хечбек е опремено со систем за погон на четири тркала и 3.0 литарски V6 мотор со директно вбризгување на горивото и две турбини. Максималниот вртежен момент на агрегатот е 560 Nm и се достигнува во опсег од 4.000 до 6.000 вртежи/мин. Моторот е во спрега со роботизиран менувач со двојна спојка DSG.

756_golf-vision-470-3

Од 0 до 100 km/h машината забрзува за 3,9 секунди, а максималната брзина е 300 km/h. Освен тоа ѕверката има моќни сопирачки механизми со 380-милиметарски карбон-керамички дискови на предната оска и 356 mm на задните. Тркалата се 20-инчни, големината на предните гуми е 235/35, а на задните – 275/30.

225_golf-vision-470-2

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -