Анимираниот мега хит „Турбо“ во кино Милениум

Од денеска на репертоарот на кино Милениум ќе се прикажува анимираниот мега-хит „Турбо“ во 3Д, филмот кој требаше неговата премиера да ја има изминатиот четврток, но не се случи поради техничките проблеми во киното кое од денеска непречено ќе функционира.

„По конечно констатирање и трајно надминување на техничкиот проблем, кој предизвика застој во работењето на неколку наврати во текот на летото, градското кино Милениум од денеска ќе биде во можност непречено да функционира. Уште еднаш(се надеваме и последен пат) би сакале да и се извиниме и заблагодариме на верната градска кино публика, а секако би сакале да ви се заблагодариме и вам, новинарите, за одличната поддршка која ја добивме во изминативе месеци“, стои во соопштението од Милениум.

Турбо 3Д (Turbo 3D)

turbo_ver3

Режија: Давид Сорен
Улоги/Гласови: Рајан Рејнолдс, Пол Џамати, Мајкл Пења, Самуел Л. Џексон, Луис Гузман, Снуп Дог
Земја на продукција: САД
Жанр: анимиран, комедија

[youtube]http://youtu.be/F-L5bzwdpVI[/youtube]

Од авторот на филмовите „Мадагаскар“ и „Кунг Фу Панда“ ни пристигнува „Турбо“ – супер брза комедија за обичниот полжав кој се осмели да сонува за големи и брзи соништа. Непосредно по необичната несреќа, Турбо добива моќ да биде супер брз и неговите сни добиваат нова димензија, додека Турбо се впушта во неверојатна авантура со што би го постигнал невозможното – да се трка против славниот тркач Џи Ганјеа. Со помош на својата снаодлива екипа на полжавите од маало, овој херој без многу шанси ќе ги остави своето срце и куќарка на стазата, само за да докаже дека ниеден сон не е преголем и ниеден сонувач премал.

На редовниот репертоар се и филмовите „Штрумфови“, „Елисеум“, „Во куќата“ и „Перси Џексон“.

- Реклама -