Традиционалната меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово, ќе се отвори во среда на 31 октомври во просториите на Уметничката галерија на Град Куманово во 19 часот.
Организатор е Фото кино клуб „Козјак“, а на конкурсот учествуваат фотографиите на домашни и странските автори.
Учесниците имаа можност да се престават во неколку категории: тема слободна колор, слободна црно-бела, природа и портрет.
На натпреварот земаа учество 213 автори од 52 земји од целиот свет.
Жирито во состав на Раша Милојевиќ (Србија), Михаел Кацафура (Словенија) и Марјан Јаневски (Македонија) на изложбата доделија 93 награди во сите четири категории од кои 92 медали и дипломи за фотографии и FIAP најдобар автор на изложбата за Милан Марковиќ од Србија.
Се започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години Фото Салон прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот.
Покровители на изложбата се Министерство за Култура, Општина Куманово и истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.