Меѓународната заедница ги повика Талибанците да дозволат Авганистанците да ја напуштат земјата

Вашингтон, 16 август 2021 (МИА) – САД, заедно со повеќе од 65 земји ги повикаа Талибанците да им дозволат на Авганистанците кои сакаат да ја напуштат земјата да го сторат тоа, предупредувајќи на нивната одговорност за какви било злоупотреби.

„САД се приклучуваат кон меѓународната заедница во инсистирањето дека Авганистанците и странците кои сакаат да ја напуштат земјата мора да добијат дозвола и можност да го сторат тоа“, напиша американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Твитер додека Стејт департментот објави соопштение од своите блиски сојузници.

„Оние кои се на власт во Авганистан имаат одговорност да го заштитат човечкиот живот“, се вели во заедничкото соопштение.

Прочитајте и:  Русија ги брише талибанците од листата на терористи
- Реклама -