Меккејлеб им одржа лекција на Бостон Селтикс (видеа)

Лестер Бо Мекејлеб без конкуренција е најдобриот плејмејкер во Европа, но македонскиот репрезентативец вечерва само го потврди она што многумина веќе го знаеја – дека Бо без никакви проблеми би се снашол и во НБА.

Токму нашиот репрезентативен плејмејкер е најзаслужен што неговиот нов тим Фенербахче Улкер успеа да стигне до голем триумф над составот на Бостон Селтикс (97:91), терајќи ги големите НБА ѕвезди како Рондо, Гарнет и Пирс со наведнати глави да ја напуштат арената во Истанбул.

{youtube}h04KnWZV1CU{/youtube}

Меккејлеб одигра фантастичен меч, завршувајќи го со 21 поен, 4 скокови, 5 асистенции и 2 украдени топки, но што е уште поважно, во неколку ситуации им подели лекции по модерна кошарка на бековите на Бостон.

{youtube}H9BidBNxKcw{/youtube}

Без разлика дали против себе го имаше Рондо, Тери или некој друг член на трофејниот НБА клуб, Бо без никакви проблеми успеваше да ги мине, па потоа или да тргне на положување, или да проигра некој од своите соиграчи.

{youtube}x-XqvJmJ5jc{/youtube}

Меккејлеб беше на вистинско ниво кога беше најпотребно, откако при резултат 88:84 за неговиот тим успеа да погоди со извонредно положување и да изнуди дополнително слободно фрлање. Нешто подоцна Мелкејлеб уште еднаш беше прецизен, за во последните две минути да има една украдена топка и една асистенција, овозможувајќи му на Фенер да ја прослави големата победа над прославениот НБА колектив.

- Реклама -