Моето име е Mr. Jingles (г-ин Ѕвонко)

Google+ доби нова маскота. Малото копче коe прикажуваше број со непрочитани нотификации се претвори во ѕвонче со насмеано лице. Од Google го нарекоа Mr. Jingles.

JinglesJingles веќе е и на Android апликациите, а со него и ново копче за означување на нотификациите за прочитани во вид на лента. Само кликнете го и нотификациите веќе нема да ви додеваат се до наредната нотификација кога и се појавува Jingles со својот танц.

Еве го Mr. Jingles на Google+.

Нема потреба од ажурирање на апликациите – промените се на server-side. Забавувајте се.

 

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -