Mercedes-AMG GT-R ќе има 577 коњски сили

amg_gt-r[1]Спортската поделба на Mercedes-Benz, компанијата AMG, ги откри техничките карактеристики на најновата верзија на супер моделот GT-R. Таа ќе биде претставена на фестивалот на брзината во Гудвуд, претстојниот викенд.

Возилото е опремено со добро познатиот 4.0-литарски V8 мотор кој е форсиран до 577 КС. Истиот мотор, но со различна моќност, се користи и кај останатите модели од семејството GT. Во основната варијанта тој развива 456 КС, а кај модификацијата S – 505 КЅ. Дополнителната енергија влијае и на динамичките карактеристики на моделот. Mercedes-AMG GT-R забрзува од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди, што е за 0,2 секунди побрзо од верзијата GT S. Машината добила исто така модернизирана суспензија и дополнителен аеродинамичен пакет, а од AMG тврдат дека ваквата комбинација од технологија не е користена во ниеден автомобил досега.

Новата верзија на супер изведбата веќе била тестирана на патеката  Нирбургирнг. Кои се нејзините резултати, засега не се соопштува. Она што се знае дека GT-R ќе добие специјална зелена боја на каросеријата.

Автоплус

- Реклама -