Mercedes официјално ја отфрли можноста за производство на компактен градски автомобил, кој би бил конкурент на MINI.
Шефот на Daimler, Дитер Цетче, истакна пред новинарите во Франкфурт дека модел, позициониран под A-класа засега не е на дневен ред. Сепак, има можност за супермини, но ќе биде тешко за германскиот концерн да оствари профит од сличен модел, кој треба да се ја пополни малата празнина меѓу Smart ForFour и A-класа.
Неодамна излезе информација дека во 2018 година Mercedes има намера да претстави нов модел наречен X-Class. Идејата е тој да им конкурира на најновите модели со погон на предните тркала на BMW. Според истата информација возилото требаше да биде изградено на основа на Renault Clio, но ќе има индивидуален екстериер и луксузна кабина. Се очекуваше X-Class да биде произведен во земја со евтина работна рака, а цената да му да биде пониска од 20.000 евра.
Дитер Цетче во некои медиуми потврди дека неговата компанија сепак планира презентацијата на петти модел базиран на платформата MFA. До моментов на неа се изградени моделите A и B-класа, CLA и GLA. Цетче не конкретизира што точно ќе биде новиот модел, но во април главниот дизајнер на гигантот од Штутгарт, Гордон Вагенер, изјави дека во 2014 година Mercedes ќе лансира на пазарот нов седан.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус