Mercedes развива екодвигатели

Mercedes соопшти дека нема да произведува трицилиндерски агрегат, бидејќи планира нов четирицилиндерски 1,2 литарски бензински и 1,5 дизел мотор. Тие ќе одговараат на европските барања EU7 за потрошувачка на штетни гасови од 95 g/km, валидни од 2020 година. Новите мотори ќе бидат воведени во палетата од компактни модели, како А и B-класата.

И покрај строгите еколошки барања компанијата сепак ќе продолжи да продава големи и моќни луксузни автомобили во 2020 година. Тие ќе бидат електрични хибриди, со што инженерите на Mercedes ќе успеат да ги намалат штетните емисии во најголемите своите модели и до 60 g/km. Според Германците во иднина на секои четири модели од марката Mercedes ќе биде лансиран по еден хибрид.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Друга главна цел на Mercedes е намалување на тежината. Ова ќе се постигне преку одредување на максимално лесни дизајнерски модули, составени од лесни легури, како и основните компоненти во автомобилите.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -