Mercedes и Lufthansa ги здружија силите и создадоа нешто брутално добро

Летањето со стил за многумина значи патување во прва класа.

Но, за оние кои навистина знаат повеќе како да ги потрошат своите пари, летањето со стил значи седење во бели кожени седишта, а за „просторот за нозете“, никогаш не слушнале. Тоа за нив нема никакво значење.

Производот кој е соработка меѓу двете германски компании “Mercedes-Benz” и “Lufthansa Technik” е и повеќе од луксузна авионска кабина.

ml1

„Нашата цел беше да понудиме многу квалитетен ентериер, па после него нема да имате повеќе што да посакате“, вели Волтер Хирдт, потпретседател на Lufthanse и додава:

„ Без разлика дали користите за приватни или работни потреби, вашиот нов концепт одговара на секоја прилика“.

ml2

Концептот бил претставен на Европската бизнис авио конвенција и егзибиција во Женева, неделава.

Така сопствениците, но и фановите ќе видат во овој ентериер доста сличности со ентериерот на новата „S“ класа, како што се црните панели преку прозорците на кои се појавуваат екрани.

ml3

Новата Мерцедес технологија овозможува панелите да бидат од црни до сосема проѕирни.

Повеќе фотографии, погледнете во видеото.

- Реклама -