Mercedes ќе му конкурира на Tesla Model X во Париз

Mercedes-Benz е подготвен да влезе во битката за клиенти на електрични автомобили, претставувајки сосема нов електричен модел за време на салонот во Париз, оваа есен.

Во оваа фаза возилото ќе биде во концептна форма, а серискиот производ се очекува дури во 2019 година. Германците ги следат актуелните трендови и ќе ни покажат кросовер, кој ќе се натпреварува за клиентите директно со Tesla Model X и Audi Q6.

Детали околу проектот нема многу, но се дознава дека брендот ќе се потпира на исклучително добар дизајн од две перспективи – естетски и аеродинамичен, со врвни оригинални елементи што ќе придинесат за специфичен и атрактивен стајлинг. Возилото ќе се базира на чисто нова платформа за електрични автомобили, која по неколку години ќе послужи и за основа на електричен седан. Од Mercedes-Benz најавуваат врвни технологии на повеќе полиња, како и на автономноста.

Автоплус

- Реклама -