Mercedes ML заминува во историјата?

Раководството на Mercedes-Benz ја разгледува можноста да го преименува својот SUV модел, популарната M-класа.

Тоа најверојатно ќе се случи со појавата на обновената верзија на моделот, која е планирана за крајот на оваа година.


Се очекува новите верзии на досегашните автомобили со зголемена проодност од M-класа да ја добие ознаката GLE. Евентуалната промена се прави со цел да се унифицираат теренците, односно да сите ознаки за основа да ја имаат G-буквата. Со оглде на фактот што овој  теренецот е врз база на E-класата, идејата е да ја добие ознаката  Mercedes-Benz GLE.

На интернет просторот се врти и уште една интересна информации поврзана со M-класа, која исто така на некој начин ја најавува  промена во на идентификацијата во гамата на Mercedes. Според неа идното спортско купе со зголемена проодност ML Coupe нема да се нарекува вака, туку ќе биде GLE Coupe. Ова возило се очекува да се појави во текот на март идната година и да му биде директен конкурент на новото BMW X6. Промената во ознаките на моделите од Штутгарт ќе продолжи со новата генерација на GLK, кое најверојатно ќе биде „прекрстена“ во GLC, бидејќи е врз база на C-класа. Во оваа фаза нема дополнителни информации за теренецот GL и G-класа. 

Инаку, што се однесува до новата генерација на ML или GLE, возилото ќе добие нови предни светло, различна маска, нов дифузор и издуви со иновативна форма. Во внатрешноста на модернизација ќе биде подложена централната конзола, обликот на седиштата и екранот на мултимедијалниот систем. Освен тоа на местото на досегашниот седумстепен автоматски менувач ќе се појави новата деветбрзинска автоматска трансмисија.

- Реклама -