Ретки и досега необјавени фотографии од Мерилин Монро

Педесет години по нејзината смрт, ретки и необјавени фотографии на Холивудската икона Мерилин Монро беа објавени во галерија во Варшава.

Колекцијата од 3,780 фотографии на Milton H. Greene, кои беа во тајност повеќе од една декада, биле доделени на Полската влада во 1995 година како дел од спогодбата на случај за проневера на американски бизнисмен.

На изложбата со наслов „Холивуд на Мерлин Монро“ (Marilyn Monroe’s Hollywood) се објавени само 60 фотографии кои зафаќаат неколку соби од Association галеријата во стариот град на Варшава, и ќе бидат изложени додека целата колекција не се продаде на отворена аукција.

– Оваа изложба е резултат на неколку неверојатно различни коинциденции. Не беше лесно, но ја доведе Мерлинка во Полска, па за нас сето ова е навистина среќен крај. Среќни сме што сме во можност да ги прикажеме фотографиите пред јавноста, пред тие да бидат продадени – изјави Јоланта Рицерска, шеф на Здружението на уметници и фотографи во Полска.

Изложбата ќе трае еден месец и еден ден, но кога станува збор за продажбата, тешко е да се каже.

– Има особено голем интерес, и веќе ни е познато дека колекционерите од целиот свет се заинтересирани. Значи, набрзо ќе дознаеме за колку брзо време ќе биде продадена колекцијата. Но со таква уникатност и внимание кое привлекува, веројатно нема да биде предолго – додаде Рицерска.

Во фотографиите се вклучени портрети од Монро, некои од нив направени на филмски локации, а некои во приватни ситуации во домот на актерката.

Колекцијата, исто така, вклучува и фотографии од други холивудски ѕвезди како Френк Синатра и Одри Хепберн. Проценета е на вредност од околу 680 илјади долари, а е спроведена од полската влада и синот на фотографот, Џошуа Грин.

- Реклама -