Германската канцеларка Ангела Меркел го објави своето последно видео на нејзиниот Фејсбук профил, бидејќи отсега истиот повеќе нема да го користи.
„Познато ви е дека повеќе не ја водам ЦДУ (Христијанско-демократската унија), па тоа е причината поради која го затворам својот Фејсбук профил“, објасни канцеларката.
„Денеска сакам да ви се заблагодарам на сите вас на големата поддршка која ја дадовте преку Фејсбук. Ви благодарам“, порача Меркел.
Сепак, Меркел и понатаму останува на функцијата канцеларка, па граѓаните ќе можат да ја следат и да коментираат за нејзината работа на Фејсбук страната на сојузната влада, но и како и досега, на Инстаграм, порача таа во видеото.