Мерките даваат резултат, но состојбата е сериозна – вели Филипче

Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација, тврди министерот за здравство Венко Филипче.

Тој информира дека на состанок со директорите на Клиниките одржан утрово, размениле информации во однос на состојбата со коронавирусот во земјава, а заклучокот е дека ситуацијата (сѐ уште) е сериозна. Како што посочува Филипче, во моментов има благо зголемување на притисокот врз ковид центрите откако во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализации.

Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, потенцира министерот.

- Реклама -