Месец мај бил најтоплиот на Земјата од 1880 година

Месецот мај,  2014 година бил најтоплиот на планетата откако се регистрираат податоци за температурите од 1880 година, соопшти Националната управа за  атмосферски истражувања на САД.

Во мај просечната температура на копното и во океаните достигна 15,54 целзиусови степени , односно со 0,74 степени  над просекот за 20-тиот век.

За последен пат температурата во мај била под просекот за 20-тиот век во 1976 година. Рекордни жештини во мај годинава беа регистрирани во источниот дел на Казахстан, некои области во Индонезија и северозападниот дел на Австралија.

- Реклама -