Аргентинецот Лионел Меси со три гола ја предводеше својата репрезентација во триумфот од 4:3 над Бразил на пријателскиот натпревар што се одигра во Њу Џерзи.
Во крајно возбудлив меч преполн со голови, „Кариоките“ играа со подмладен состав подготвувајќи се за Олимписките игри во Лондон и први дојдоа во водство со голот на Ромуло во 23.минута. Следеа два погодоци на Меси за водство на Аргентина од 2:1 на полувремето.
{youtube}ww7TENIsWE0{/youtube}
Во вториот дел Бразилците возвратија со два погодоци преку Оскар и Хулк, а Аргентинците не се предоа и преку Хернандез и на крајот повторно Лионел Меси стигнаа до триумф од 4:3. Импресивен беше последниот погодок на Меси во 84.минута, кога претрча повеќе од половина терен и упати прецизен удар во горниот агол од голот на Бразил.
Објавено во соработка со Екипа.