Меси и Роналдо се извонредни фудбалери, но Бензема е мојот личен пример.

Фудбалерот на Наполи, Ромелу Лукаку, даде свое мислење за можноста да продолжи со подобрување на своите перформанси и на 32-годишна возраст.

„Секако дека можам, имам секое потребно за тоа. Тоа вклучува и теретана во мојот дом. Во фудбалот има многу извонредни играчи, како што се Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Роберт Левандовски и Златан Ибрахимовиќ, но мојот голем пример е Карим Бензема, кој ја освои Златната топка по својата 32-та година“, изјави Лукаку за „Газета дело Спорт“.

Фудбалерот верува во важноста на позитивниот став и гледањето напред. Тој исто така ја спомена плодоносната кариера на четирикратниот НБА шампион, Леброн Џејмс, кој има сличен пристап.

Лукаку игра за Наполи од 2024 година, а претходно се натпреваруваше за клубови како Челзи, Рома, Интер, Манчестер јунајтед и Евертон.

Прочитајте и:  Ши Ѝинпинг: Односите помеѓу Кина и Русија се „цврсти“

Во сезоната 2024/25, овој белгиски напаѓач одигра 38 натпревари во Серија А и Купот на Италија, постигнувајќи 14 гола и 11 асистенции. (МИА)