Мета ги прекршила законите на ЕУ со моделот плати или прифати реклами

Европската комисија објави дека компанијата Мета со нивниот модел „плати или прифати“ за прикажување реклами ги крши законите на Европската Унија.

Компанијата Мета понуди нов сервис во земјите-членки на ЕУ, каде што корисниците или се согласуваат да гледаат персонализирани реклами или да платат 12,99 евра месечно за да не им се појавуваат рекламите.

Од ЕК реагирале до Мета дека ваквиот избор не е во согласност со Законот за дигитални пазари на ЕУ. Сепак, од компанијата сметаат дека моделот за рекламирање е во согласност со европските закони.

„Претплата за да не се гледаат реклами ги следи насоките на највисокиот суд во Европа и е во согласност со Законот за дигитални пазари“ велат од Мета.

Прочитајте и:  Ифо Институт: Германија и ЕУ се пред големи проблеми - мора да се подготват за тарифите на Трамп

Потенцијалната казна за прекршување на законот може да биде до 10 отсто од вкупните приходи на Мета, доколку се пресуди дека компанијата не ги почитува законите.

Согласно Законот за дигитални пазари, корисниците кои нема да плаќаат треба да имаат пристап до еднаква услуга, која користи помалку од нивните лични податоци, во овој случај за персонализирани реклами.

„Сакаме граѓаните да имаат контрола врз нивните податоци и да имаат можност да изберат опција со помалку персонализирани реклами“ вели Маргарет Вестангер од ЕК.

- Реклама -