Мета обвинува дека европските регулатори ќе го уништат нивниот ВИ бот

Компанијата Мета ги стопира плановите за објава на асистент базиран на вештачка интелигенција во Европа откако добиле забелешки од регулаторот за приватност на Ирска.

Во објавата на Мета се вели дека Ирската комисија за заштита на податоци побарала од компанијата да го одложи тестирањето на нивниот голем јазичен модел (large language model) на содржини кои претходно биле објавени на Фејсбук и Инстанграм.

Мета велат дека се разочарани од ваквото барање, бидејќи во нивната работа тие ги вклучиле препораките на европските агенции за заштита на податоци и тие биле информирани за тестовите уште од март.  Мета ги известила институциите дека ќе собираат податоци и дека ќе понудат можност за корисниците да се приклучат или не во програмата, во согласност со европските закони за заштита на лични податоци.

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

Од компанијата велат дека ќе продолжат да соработуваат со ирската комисија, но истакнуваат дека нивните конкуренти, Гугл и ОпенАИ веќе искористиле податоци од европјани за тренинг на нивната авештачка интелигенција. Тие исто така додаваат дека доколку не им биде дозволено да ги користат информациите од нивните корисници за тренинг на нивниот модел, Мета ќе креира инфериорен производ.

„Едноставно кажано, без да вклучиме локални информации ќе може на корисниците да им понудиме искуство од втора класа. Тоа значи дека нема да може да го лансираме MetaAI во Европа во моментов“ велат од Мета.

Европските регулатори, од друга страна, го поздравија стопирањето на тестирањето со цел заштита на личните податоци на граѓаните.

- Реклама -