Најголемoто бебе во светот родено 7 килограми и високо 61 сантиметри, веќе се издигнува на 1,70 метри, иако е само 5-годишен.
Роден во 2008 година во Индија, Каран Синг е на пат по втор пат да биде впишан во Гинисовата книга на рекорди за највисоко дете, откако таа титула му беше доделена уште по раѓањето.
Тој, сепак, нема да биде првиот член на семејството, впишан во популарната книга поради својот раст.
Мајка му со своите 2,18 метри е признаена за највисока жена во Индија. Самата таа е горда на растот на нејзиниот син и се надева дека тој ќе ја надмине.
Таткото на Каран е со нормален раст и соседите шеговито велат дека тој личи на џуџе, кога стои крај својата сопруга.