Во текот на ноќта што следува, како и утрешниот ден (среда, 19 февруари), ќе продолжи продорот на исклучително студена воздушна маса од североисточните делови на Европа, поточно од Русија. Како резултат на ова,температурите во текот на ноќта и до утринските часови ќе опаднат под нулата насекаде низ земјата,при што ќе се движат во интервал од -10 до -2 степени. Во повисоките планински предели и на скијачките центри, температурите ќе паднат уште пониско, под -10 степени.
Локално ќе има услови за повремени снежни врнежи, а облачноста ќе биде променлива. Во текот на утрешниот ден постепено ќе се намалува облачноста, што ќе доведе до расчистување на врнежите и стабилизирање на временската состојба. Овој процес ќе биде проследен со засилен северен ветер,кој особено ќе биде интензивен во регионот долж Повардарието и во југоисточните делови од земјата,со повремени налети кои може да достигнат,па дури и да надминат 60 км/ч.
Во Скопскиот регион ќе има дополнително заладување, проследено со засилен северен ветер, кој во одредени делови од котлината ќе достигне брзина до 60 км/ч или повеќе. Постои можност за слаби снежни врнежи во текот на ноќта. Утринските температури во овој дел од земјата ќе се спуштат до околу -4 или -5 степени.




