Љубителите на ѕвезденото небо викендов ги очекува најголемиот метеорски дожд годинава. Персеиди се очекува да го достигнат својот врв овој викенд. Блескавиот приказ е познат како еден од најспектакуларните метеорски дождови во годината. Тие обично се случуваат помеѓу 27 јули и 23 август. Годинава врвот се случува на 11 и 12 август. За време на овој период, набљудувачите на небото на темни локации може да очекуваат да видат до 100 метеори на час.
Овогодинешните персеиди, велат астрономи, ветуваат дека ќе бидат особено извонредни, бидејќи нема да бидат осветлени од Месечината. Периодот нуди оптимални услови за оние кои се надеваат дека ќе ги видат ѕвездите кои паѓаат. Се што им треба за уживање во шоуто е јасен поглед на ноќното небо и малку трпение.
Што е метеорскиот дожд Персеиди?
Метеорите Персеиди се фрагменти од кометата Свифт-Татл, далечна комета на која и требаат 130 години да орбитира околу Сонцето. Додека Земјата минува низ трагата на остатоците што ги остави зад себе кометата, ситни честички согоруваат при влегувањето во нашата атмосфера, создавајќи светли ленти на светлина што се тркаат низ небото.
Оние кои сакаат да ја видат оваа спектакуларна појава треба да најдат темна, отворена област подалеку од градските светла.
Најдоброто време за гледање ќе биде во недела, во првата половина од ноќта пред да навлезат облаци и дожд од запад. Слични услови се очекуваат и во понеделник навечер, со јасно небо во првата половина од ноќта, до раните утрински часови во вторник.