Метју Пери проговори за неговата најтешка животна борба

По долгогодишната борба со зависноста Метју Пери конечно јавно проговори за неговиот најголем животен предизвик.

Метју Пери со години го живееше американскиот сон. Во улогата на Чендлер Бинг беше ѕвезда во една од најуспешните серии на сите времиња „Пријатели“ и заработуваше вртоглави милиони долари по епизода.

Но, зад светлата на камерите Пери се борел со зависноста од алкохол, за што проговори дури сега за магазинот People.

Matthew-Perry-matthew-perry-9282899-825-1023

„Со текот на времето работите станаа толку лоши што не можев да сокријам и сите знаеа за мојот проблем“, вели 43-годишниот Пери. По повеќегодишна борба со зависноста од алкохол и таблети, 43-годишниот актер конечно е трезен.

„Нешто ми светна. Мора да се осмелите да побарате помош“, рекол актерот кој сега е посветен на помагање на други зависници, а се залага и за тоа на зависниците од дрога наместо затворски казни да им се понуди терапија.

photo68

Актерот рекол дека трезвеноста и помагањето на другите го довеле до тоа да почувствува што е вистинска среќа.

„Убаво е луѓето да видат како некој кој водел борба со алкохолот сега е добро и тоа е зад него“, заклучил тој.

- Реклама -