Метро станицата во Киев има најдлабока станица во светот: Постојат мурали, мозаици и уметнички дела

Жителите на Киев го обожуваат своето Метро, кое секако е меѓу едно од најубавите во Европа.

Метро станиците  во украинската престолнина се исполнети со мермер, осветлување и убави уметнички дела, мурали и слики.

Киев го пресекуваат три линии на метро, со кои што се користат готово три милиони жители.Киевското метро е познато и по тоа што има најдлабока подземна станица во светот, која се наоѓа скоро 350 метри под нивото на улицата.

Околу 1,3 милиони луѓе минуваат низ метрото дневно, а на патниците не им недостасуваат  модерни погодности што  можат да ги уживаат, како што се телефонски услуги и екран што прикажува информации за патувањата.

Голем дел од убавините на ова метро во Киев датрираат уште од 1960 година кога земјата сеуште беше дел од Советскиот Сојуз (СССР) и кога всушност се отворени и првите станици и лиинии. Киевското метро е отворено 35 години по отварањето на московското метро.

Исто така постои и еден интересен факт, а тоа е дека во 1972 година бил награден милјардитиот патник, кој добил бесплатна годишна карта за возење со киевското метро.

Прекрасен по својот дизајн, метрото во Киев има 52 станици кои што се изградени на еден уникатен начин. Тие  се одликуват со голема осветленост, многу мермер, гранит, метал, а целиот материја кој што се користел за декорирање на овие станици, бил носен во Киев од целиот СССР.

Некои станици имаат мурали и фрески кои  што потсетуваат на театар и се наоѓа во близина на оперската куќа во Киев.

Со распаѓањето на Советскиот Сојуз, кога Украина се стекнува со својата независнот во 1991 година, многу станици претрпеле промена на имињата. На пример, страницата „Црвена армија“ го добила името „Палата Украина“, додека станицата која што го носела името „Плоштад на Октомвриската револуција“ го добива името „Плоштад на независноста“.

Колку луѓето во киев го сакаат своето метро покажува и фактот дека во самото метро се наоѓа и музеј, од каде што може да се купат најразлични сувенири. А еден од најоргиналите е џемпер со натпис „ Не се потпирај“ напишан на украински јазик.

- Реклама -