Мезето е нарачано, СДСМ се подготвува за славје, Пендаровски засега со сигурна предност пред Силјановска

Цензусот е постигнат, а изборите успешни, па веќе вечерва ќе се знае новиот претседател.

Во штабот на СДСМ атмосферата е победничка. Членовите си честитаат, а репортерот на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) забележал како пристигнуваат послужавниците со храна која ја нарачале во штабот (ФОТО ТУКА). Закуските се носат на горните катови каде што се наоѓа раководството на партијата.

Претходно и генералниот секретар на партијата – Александар Кирацовски, на прес-конференцијата, најави победа.

Тој оцени дека Република Северна Македонија спроведе кристално чисти, фер и демократски избори, како што наликува на една европска, модерна и демократска држава.

Тој ги соопшти и првичните тенденции: „Стево Пендаровски е во водство, и очекуваме победа“, порача Кирацовски.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

Во моментов, според податоците на Државната изборна комисија, по 25.18% обработени избирачи од вкупниот број на гласачи, гласале вкупно 179.756 граѓани со право на глас,

Од нив, 103.614 (односно 57.64%) гласале за Стево Пендаровски, а 70.020 (односно 38.95%) гласале за Гордана Силјановска-Давкова. Со тоа, Пендаровски засега има солидно водство од 33.594 гласови.

Од досега обработените, 6.122, односно 3.41% од гласачките ливчиња се неважечки.

 

 

- Реклама -