Миа Калифа си го фотошопираше ликот врз Дева Марија

Миа Калифа имаше многу кратка, но многу успешна кариера во порно индустријата, која се чини уште долго ќе ја следи наоколу, иако е надвор од бизнисот.

Американката со потекло од Либан има диплома по историја на уметност, но во октомври 2014-та решава да стане порно актерка. По само два месеца станува најбараната порно ѕвезда на Pornhub, искачувајќи се на првото место на нивната листа на најпопуларни порно актерки. Тоа што го правеше пред камерите предизвика многу бура во реалниот свет, особено откако сними неколку сцени „облечена“ во хиџаб, заради што доби и многу смртни закани. По само три месеци во бизнисот, Калифа ја напушта порно индустријата засекогаш (времето ќе покаже). Во интервју за Вашингтон Пост рече дека веројатно тоа ѝ било само фаза, и дека сфатила дека порното не е за неа. Оттогаш, вели, се опаметила, и пробува да се оддалечи од таа своја контроверзна кариера.

Е па, баш и не ѝ оди. Иако сега работи како модел, инфлуенсер на социјални мрежи и домаќин на спортско шоу на Јутјуб каналот Complex, смислата за хумор не ѝ е сменета. Неодамна на интернет се појави слика од пакистанската активистка Малала во фармерки. Многумина се налутија зошто не носела мантија, па почнаа да ја споредуваат со Миа Калифа. Други тврдеа дека тоа на сликата Е Миа Калифа, а не Малала. Во целото лудило се впуштија и медиумите, а неколку од нив паднаа на шпекулациите дека тоа е Калифа. Сега, како одговор, поранешната порно актерка објави фотографија од Дева Марија, но со нејзиниот лик (вметнат со помош на Фотошоп).

When a news outlet mistakes Malala for Mia Khalifa

A post shared by Mia Khalifa (@miakhalifa) on

Очигледно е дека се работи за иронија и исмевање на медиумите. Ама, реакцијата со која се соочи потсетува многу на онаа по видеото со хиџабот. Пак лути фанови, и пак смртни закани, со коментари од „Се надевам дека ќе скапеш во пеколот“, до „Ќе одам во пеколот што ќе го речам ова, ама ќе вреди. Се надевам дека наскоро, многу наскоро, ќе умреш во агонична, болна и бавна смрт“. Врвот беше кога еден ѝ пиша: „После овој чин веќе никогаш нема да ги гледам твоите видеа“, што е многу чудна изјава, од морален аспект. Настрана тоа што Миа веќе и не сака да ѝ ги гледаат видеата. Не тие видеа.

- Реклама -