Мицкоски: Ако Преспaнскиот договор беше „ремек-дело“ на европската дипломатија, зошто не го повториме за вештачкиот спор со Бугарија

Дури и Бугарите да се внесат во Уставот, рече премиерот во обраќањето на Европски самит во Салцбург, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за шест месеци од сега нема да се бара нешто дополнително

Ако Преспанскиот договор беше „ремек-дело“ на европската дипломатија, нешто што е, да речеме, „брилијантно“, зошто тогаш ова „ремек-дело“ не го повториме за изнаоѓање на конечно, трајно и одржливо решение за овој вештачки спор. Ова беше дел од обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски од 20-иот Европски самит во Салцбург во контекст на спорот со соседна Бугарија.

Христијан Мицкоски, премиер на С Македонија

Да се биде конструктивен, рече премиерот во овој контекст, значи постојано да се обезбедуваат решенија.

„Нашиот последен предлог е нешто што можеби изгледа конструктивно и прифатливо за сите. Секогаш се обидувам да зборувам со одреден јазик што може да биде разбран северно од Виена, не сфаќајте ме погрешно. Што значи дека, ако Преспанскиот договор беше ‘ремек-дело’ на европската дипломатија, нешто што е, да речеме, ‘брилијантно’, зошто тогаш да не го повториме ова ‘ремек-дело’ за изнаоѓање конечно, трајно и одрживо решение што ќе обезбеди решение за овој вештачки спор“,

рече Мицкоски во своето обраќање.

Истакна дека Бугарија досега не почитува 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права за регистрирање на здружение на Македонците кои живеат на тие простори, додека бараат внес на Бугарите во македонскиот Устав, што, како што рече, покажува отсуство на волја за приближување на работите.

Дури и Бугарите да се внесат во Уставот, додаде Мицкоски, никој не гарантира дека тоа е последен услов за исполнување на некоја обврска и дека за шест месеци од сега нема да се бара нешто дополнително.

- Реклама -