Мицкоски до СДСМ: За многу скоро ќе слушнете што се е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

За многу скоро време јавноста ќе слушне што се правело со безбедносните служби за време на мандатот на претходната Влада, а СДСМ ќе се срамат и ќе треба да се извинат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

-Ве носат во длабоко тие кои ви ги даваат прашањата, многу скоро од денеска ќе се срамат,  јавноста ќе знае. Се сеќавате на оној проект „Вистината за Македонија“, ќе ја видите невистината на тие што правеле околу прислушкувањето и ќе се срамите и ќе излезете да се извините, затоа што во услови на фашистички режими не се следеле и прислушкувале луѓе кои водат опозициски партии. Убеден сум дека дел од последното раководство на СДСМ не знаеле, но дел го правеле за злоупотреба и лична агенда, но тоа што се случувало ќе ве згрози, какви мерки се преземале, физичко следење и употреба на недозволени методи. Затоа се плашите вие, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеникот Трајчулевски кој праша зошто се прави партиски упад во сите комисии и  независни регулаторни тела и на второстепени комисии, и се прави брутална партизација на овие самостојни тела.

Мицкоски посочи дека ја следи дебатата на, како што вели, остатоците на удбашки и болшевистички структури до ден денеска за жал се присутни во кодошките безбедносни структури и посочи дека затоа се плашат од спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Во однос на именувањата на кадри по институции, претседателот на Владата потсети дека пред да биде променет законот во Собрание, со кој двете второстепени комисии за управна постапка и инспекциски надзор позицијата претседател на таа комисија беше претседателка на општинската организација на СДСМ во Велес.

-Дали требаше да ја оставиме, Даница Чадиева, тоа е професионалната администрација која вие ја замислувате, така нема да работиме. Во Агенцијата за електронски комуникации член беше претседател на општинската организација на СДСМ во Карпош, дали требаше да го оставиме без никакви квалификации и стручност? Ако мислите дека тоа е професионален однос не се согласувам и грешите. Сите овие институции резултираа со отприлика помалку 50 функционерски места. Сите овие институции кои ги споменувате ги бира Собранието, најголем дел од нив. Да потсетам во 2018 година како беа бирани членовите во Регулаторна комисија за енергетика, на најбрутален начин со закани најпрвин во канцеларијата каде што работам јас, а потоа и во Собранието. Претседател на Регулаторна е Марко Бислимоски предлог на СДСМ, јавен обвинител е Коцевски вие го биравте, додаде премиерот Мицкоски.

Прочитајте и:  Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Тој посочи дека токму затоа денеска обвинителите кога треба да се справуваме со криминалот и корупцијата од минатото, како што вели, се или со повишена температура или имаат дијареја или имаат несоница и патат од анксиозност и не ги потпишуваат налозите.

-Тоа се ваши кадри и ако тоа според вас е професионализација, начинот на кој треба да работиме, не се согласувам. Ние ги менуваме работите, да видат граѓаните дека можело и поинаку и објаснив и зошто Шекеринска ја поддржавме и лобиравме за да биде претставена Македонија со свој заменик-генерален секретар во НАТО, земете пример. Поставувате прашање кое нема логика, особено во институција којашто до вчера ваш претседател на општинска организација ја обавуваше. Јас не слушнав дека вие го оспоривте Орце Симов со неговата стручност, ни овде, ниту во една од стопанските комори каде е потпретседател. Човекот е универзитетски професор, доктор по информациски технологии, а исто и Ангелка дипломирала надвор од Македонија, стручна е, не кажавте дека не ги исполнуваат условите. Поддржете еднаш нешто што е нормално и различно, рече премиерот Мицкоски.

Според Трајчулески, во текот на претходните месеци во Собранието беа доставени и донесени закони во скратена постапка со кои се прави директен упад во правниот систем на државата, со кои, како што наведе, се прекинуваат мандатите на членови на државните второстепени комисии и на независните регулаторни тела по сила на закон и тоа во скратена постапка.

-Најеклатантен пример е назначувањето на Орце Симов, претседател на партиската комисија за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги на ВМРО ДПМНЕ и Ангелка Диневска претседател на унијата на жени на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Битола за членови на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации. Ова назначување е спротивно на член 18 став 1 од Законот за електронски комуникации, рече Трајчулески.

- Реклама -