Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Во АД ЕСМ има неколку случаи за кои имаме сериозно сомневање за злоупотреби. Услуги се наплаќани три до четири пати повеќе, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

– Десетици можеби стотици милиони се изнесени, буквално украдени преку тендери каде за услуга се наплаќа три до четири пати повеќе, а на фирмите кои сакаат да се пријават на тендерот им се кажува немојте да конкурирате затоа што тоа е завршена работа. Услуги кои во времето кога јас сум бил директор на тогашното ЕЛЕМ, се плаќале по 86 денари, а денеска се по 230 денари, свесно уништување заради увоз на јаглен, свесно уништување на рударска јама, недоволно добро одржување на системот каде се ископува јаглен за да недостигаат тие колични за да може да се увезуваат по двојно или тројно повисоки цени, натплатени ремонтни активности…, рече Мицкоски во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Додаде дека имал состанок со новото раководство на компанијата и дека ќе излезат со докази за овие сомневања.

- Реклама -