На значајниот десничарски настан CPAC во Вашингтон, премиерот Христијан Мицкоски имаше свое обраќање. Овој настан, на кој учество ќе земе и претседателот Доналд Трамп, собира бројни истакнати фигури како потпретседателот Џеј Ди Венс, спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, како и многу членови на администрацијата на Трамп, странски лидери и водечки десничарски коментатори од САД. Во својата реч, Мицкоски се осврна на значењето на македонското историско и културно-духовно наследство, потцртувајќи ја улогата на Охрид и Свети Климент Охридски. Тој успеа да ја пренесе македонската културна и духовна традиција до срцето на Америка, укажувајќи на важноста од зачувувањето на националниот идентитет и вредностите што ги негува Македонија низ вековите.
Премиерот го истакна значењето на Охридското Езеро, потенцирајќи дека тоа е најстарото езеро во Европа. Покрај тоа, во неговата близина е основан првиот европски универзитет – Универзитетот на Светите Кирил и Методиј. Овие информации би можеле да привлечат американската публика да ја посети Македонија и Балканот, каде што би го запознале Охридското Езеро и неговото историско значење.




