Мицкоски најави три нови можни инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски најави продолжување на инвестицискиот бум со три можни нови инвестиции, од кои две се проширување на веќе постоечките производствени капацитети и нова во вредност од 150 милиони евра.

Во одговор на новинарско прашање претседателот на Владата истакна дека инвестициите се во автомобилската индустрија и индустрија за присуство на суплементи.

-Преговараме со три можни нови инвестиции, две се од веќе постојните производни капацитети – проширување на нивното производно портфолио, големи ќе бидат и значајни за домашниот производ. Второ, преговараме со една голема компанија, инвестиција во вредност од 150 милиони евра, во потесен круг сме со една голема европска земја која што е членка на ЕУ. Ние и тие се бориме, сега сме во фотофиниш, ако се биде како што треба се надевам дека во септември веќе ќе можеме и таа да ја објавиме. Сосе овие двете проширувања ќе имаме отприлика уште четвртина милијарда евра нови инвестиции до крајот на годината што значително ќе влијаат врз БДП, рече премиерот Мицкоски при денешното поставување камен-темелник на нова спортска сала во општина Петровец.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме
- Реклама -