„Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата, туку и преку врските со нашите семјества и бизниси, што низ годините стануваат се посилни“, вели косовскиот премиер, Курти
Очекувам идната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра. Ова денеска го изјави премиерот Христијан Мицкоски на меѓувладината седница во Приштина, по која ќе бидат потпишани протоколи и меморандуми за соработка во три области, пренесува националната Радио-телевизија Косово.
„Во следните години ќе работиме во насока економската соработка да биде уште поголоема, бидејќи тоа ќе донесе придобивки и за двете земји“,
рече Мицкоски.
Посочи дека договорите што треба да бидат потпишани се од енергетска, гранична и од економска област.
„Ќе бидам среќен ако за неколку недели од денеска имаме еден граничен премин, односно каде граѓаните ќе застануваат на еден, а не на два гранични премина. На тој начин нема да има метеж на границата и ќе се забрза транферот на патниците“,
вели тој.
Според албанскиот премиер Албин Курти, како што е важно добрососедството, така важно е и спроведувањето на секој потпишан договор. Посочи дека со Косово нема недоразбирање со С Македонија, туку дека двете земји имаат отворена комуникација и голема соработка.
„Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата, туку и преку врските со нашите семјества и бизниси, што низ годините стануваат се посилни“,
рече Курти.
Договорот за заеднички гранични премини е главна тема на меѓувладината седница, што ќе резултира со негово потпишување.
„Почнувајќи од јануари 2025 година, на двата гранични пункта „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“ ќе се имплементира моделот за еден граничен премин, каде полицајците од двете земји ќе работат во една зграда. Оваа соработка ќе го намали времето на чекање на границата и ќе го олесни движењето на граѓаните“,
вели Курти.
Ги потенцираше инвестициите што треба да се изградат во граничната инфраструктура, односно да се заврши изградбата на преостанатите десет километри од автопатот Блаце до Скопје, како и изградбата на тунелот што го поврзува Призрен со Тетово.
Курти го спомена зголемувањето на извозот од Косово во Северна Македонија, кој од 44 милиони во 2019 година е зголемен на 121 милион евра за 2023 година.
Во македонската делегација што е присуства во Косово е речиси целиот владин состав.
Пред почетокот на меѓувладината седница предвидено е премиерите Мицкоски и Курти да одржат тет-а-тет средба, а таква средба ќе има и меѓу министрите на двете влади.
Нешто пред 14 часот Мицкоски и Курти ќе одржат заедничка прес-конференција.