Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изрази загриженост во однос на земјотресите што ги погодија грчките острови Санторини и Кикладите.Според него, сеизмолозите предупредуваат дека се работи за необичен феномен со променлива динамика, што го прави предвидувањето на развојот на ситуацијата тешко.
Мицотакис призна дека владата е сведок на финансиската штета што ја донесува оваа ситуација на вработени лица и работењето на компаниite на овие острови. Според него, сите приватни работодавачи во општините Тира и Аморгос, каде што е проаѓласена вонредна состојба, имаат можност за прекин на договорите за вработување во текот на оваа вонредна состојба, која трае од 1 февруари до 3 март.
Вработените на кои им се суспендирани договорите ќе имаат право на одштета во износ од 534 евра. Тој истакна дека владата презема превентивни мерки во согласност со препораките од службите за оценка на сеизмолошки ризик.
Напомна дека поради тековната сеизмичка активност, училиштата во Тира, Иос, Анафи и Аморгос ќе останат затворени до петок, 21 февруари. Мицотакис апелира на жителите да ги следат упатствата за превенција од земјотреси,вклучувајќи ограничување на присуството во заатворени простории и избегнување на блиските контакти со напуштени и нестабилни објекти.
Санторини и другите грчки острови во регионот се погодени од неочекувана сеизмичка активност, а околу 75% од преку 15.000 жители на островот се евакуирани. Најновите извештаи покажуваат дека состојбата сè уште е несигурна и се очекуваат понатамошни информации.




