Microsoft додаде и можност да се стартува Windows 8, дирекно во дестоп мод, што би било корисно за оние кои сакаат целосно да ја избегнат „Старт Сликата“, која и онака е наменета за екрани со допир.
Microsoft го врати старт копчето и воведе уште неколку новини во Windows 8.1, со цел да ги задоволи дестоп корисниците на Windows 8.
Гласините кои се појавиа последниве неколку месеци се покажаа како точни, во наредната верзија на Windows 8.1, добро познатото старт копче повторно ќе се појави во левиот долен агол на Windows 8 дестопот. Старт копчето во Windows 8.1 ќе се појавува и во дестоп мод и во „Start Screen“. Копчето нема да е постојано видливо, но ако го однесете маусот во левиот долен агол тоа ќе се појави.
Microsoft додаде и можност да се стартува Windows 8, дирекно во дестоп мод, што би било корисно за оние кои сакаат целосно да ја избегнат „Старт Сликата“, која и онака е наменета за екрани со допир. Windows 8 исто така ќе може да се конфигурира да стартува дирекно во определена апликација.
Старт копчето ќе може да се конфигурира да содржи дирекни линкови до определени програми и апликации, со други зборови ќе може да се направи да личи на класичното старт мени.
Windows 8.1 ќе има и други подобрувања кои ќе се фокусираат на функционалноста кај мобилните уреди. Точен датум кога Windows 8.1 ќе биде достапен сеуште нема.
Текстот е објавен во соработка со МкКод