Микрософт овозможи Стар Трек холодек

За сите љубители на Стар Трек серијата, Микрософт има неверојатни вести. На CES го претстави концептот (прототип) проектори и скенери кои целата соба можат да ја претворат во еден голем екран, од што сето тоа наликува на Холодек.

“Системот користи простор околу телевизорот за визуелизација со што значително се подобрува целото искуство. IllumiRoom користи Kinect сензор и проектор со цел да се прикријат линиите помеѓу содржината која се гледа на екранот и опкружувањето во кое се наоѓаме, и на тој начин овозможува комбинирање на реалниот и виртуелниот свет,” открија од Микрософт.

Kinect, кои вообичаено се користат за контрола во компјутерските игри, содржат сензори кои многу прецизно можат да го следат движењето на корисникот. Гигантската компанија исто така претстави и скенирање на целата соба за да се создаде совршена Холодек визуелизација.

Сензорите истовремено ќе бидат во можност да го препознаат и мебелот во собата, кој подоцна ќе биде вметнат директно во играта или ќе биде замаскиран и адаптиран за да биде речиси невидлив додека корисникот игра.

Микрософт најави дека повеќе информации околу функционирањето на системот ќе открие во април на конференцијата за компјутерска графика, ACM SIGCHI во Париз.

Засега едно е сигурно, иако сеуште не се знае точната дата кога овој производ ќе се најде на пазарот, наскоро домашното кино ќе стане многу поинтересно.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=aoUGRGjG07E#![/youtube]

- Реклама -