Американската актерка Мила Јововиќ се породи во Лос Анџелес и ја донесе на свет својата втора ќерка Дашиел Едон.
И мајката и бебето се добро, соопшти портпаролката на актерката .
Татко на бебето е британскиот режисер и продуцент В. С. Андерсон. Мила, која сега има 39 години, е родена во Киев во семејството на српскиот лекар Богдан Јововиќ и руската актерка Галина Логинова.
Таа започнала кариера на модел уште на 9-годишна возраст. Мила го прави своето деби како актерка, на 13 години во телевизиската продукција на “Дизни” “The Night Train to Kathmandu”.
Еве ја првата фотографија од нејзината ќерка.