Милановиќ: Eдинствен начин да заврши војната во Украина е победа на Русија или смена на власта во Москва

„Русија не смее да ја загуби војната, не може да си го дозволи тоа, има огромна енергија и ресурси да победи во војна против речиси секого и тие се таму како нуклеарна сила. Единствениот начин што го гледам дека може да стави крај на оваа агресија против Украина е промена на власта во Русија“, изјави денеска пред студентите во Сплит хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

„Меѓутоа, низ историјата имаме искуство како изгледа кога се менува власта во Москва“, додаде тој.

„Како ќе заврши војната? Значи Русија мора да ја добие војната, од нивна гледна точка таа мора да ја добие. Единствен начин да не ја добие е да ја сменат власта, а тоа нема да се случи без договор на САД, Велика Британија и Русија. Без нив нема договор“, изјави Милановиќ.

Прочитајте и:  Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема

МИА

- Реклама -