Милчо Манчевски ќе снима филм на Куба

Милчо Манчевски е ангажиран за професор на Државната филмска академија во Хавана, Куба…Манчевски во текот на јануари ќе предава на постдипломците по филмска режија, меѓународна група студенти од целиот свет. Тој е професор и супервизор на студентските филмови на постдипломците. Истовремено, самиот Манчевски на Куба ќе сними и краток филм.

mm

Во чест на Манчевски ќе има и проекција на неговиот филм „Пред дождот“, а авторот ќе биде присутен да одговара на прашања од публиката. Делата на Манчевски се многу познати на Куба, а во библиотеката на Акаемијата ги има сите негови филмови па дури и книгата фотографии „Пет капки сон“.

Кубанците инаку за Манчевски разбрале уште 1995 година, кога „Пред дождот“ беше меѓу петте номинирани за Оскар за најдобар странски филм заедно со кубанскиот „Јагоди и чоколадо“ на славниот кубански режисер Томас Гутиерез Алеа.

Манчевски досега предавал на бројни универзитети, фестивали и кинотеки во светот. Ја води катедрата за режија на постдипломски студии на Универзитетот на Њујорк, прогласен е за почесен доктор на науки на државниот Филмски Универзитет ВГИК во Москва каде и предаваше, а предавал и на најголемата филмска школа во Германија на Универзитетот Бабелсберг Конрад Вулф, како и на универзитетите Кембриџ, Оксфорд, Јеил, Харвард, Браун, Чикаго, Билефелд, Лондон, Токио и многу други.

- Реклама -