Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години почнува подготовки за квалификацискиот турнир
Денес, во Дојран, македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години ги започна мини подготовките за претстојниот квалификациски турнир. Избраничките на селекторот Катерина Милевска од сабота ќе бидат домаќини на квалификациската група 2 во Б-сегментот во Лигата на нации, каде ќе се соочат со Грузија, Северна Ирска и Луксембург.
Во првото коло, македонската репрезентација ќе игра против Грузија в сабота, со почеток од 13 часот. Истиот термин ќе го имаат и во вторник кога ќе се сретнат со Луксембург, а завршното коло е планирано за 6 март против Северна Ирска.
На списокот на селекторката Милевска се наоѓаат 20 фудбалерки:
ГОЛМАНКИ: Ања Стојмиловска (ЖФК Скопје), Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје).
ОДБРАНА: Лина Мицовска (ЖФК Кочани), Ема Нановска (ЖФК Истатов), Ихдина Речи (ЖФК Ас Јунајтед), Арба Мерко (ЖФК Ас Јунајтед), Емилија Ивковиќ (ЖФК Скопје), Блехана Алиевска (ЖФК Скопје), Бесарта Фида (ЖФК Скопје).
СРЕДЕН РЕД: Тамара Лазеска (ЖФК Ас Јунајтед), Ања Каранфиловска (ЖФК Истатов), Елена Мацевска (ЖФК Ас Јунајтед), Марија Велиновска (ЖФК Кочани), Ана Марија Цветкоска (Ланхус), Јована Стојанова (ЖФК Кочани).
НАПАД: Елена Наумоска (ЖФК Скопје), Ане Велковска (ЖФК Скопје), Розита Пецева (ЖФК Тиверија), Лана Спасовска (ЖФК Речица), Лаила Балла (Луцерн).
Со нетрпение го очекуваме настапот на нашите фудбалерки!




