Милијардер го отплатил студентскиот долг на цела генерација

Милијардерот и филантроп Роберт Смит го исплатил студентскиот долг кон цела генерација на колеџ Морхаус, во износ од 40 милиони долари.

Околу 400 дипломци на колеџот ,,Морхаус “ во Атланта добиле неочекуван и голем подарок.

Пред да го исплати долгот кон студентите, овој технолошки инвеститор донирал 1,5 милиони долари на истиот колеџ.

На овој колеџ студирале и познати лица како што се: борецот за човекови права Мартин Лутер Кинг, режисерот Спајк Ли и глумецот Семјуел Л. Џексон.

 

- Реклама -