Познатиот модел Кејт Аптон е позната по своите бујни облини кои ги обожаваат мажите а и жените.
Иако мислела да ги смали градите бидејќи ѝ „сметале“, на крајот сепак се откажала од таа идеја- за среќа! Кејт Аптон е една од ретките модели кои имаат бујни облини, а поради тоа и стана една од најбараните лица за насловна страна.
„На почетокот на кариерата агентите сакаа да ослабам или да ги намалам градите. Мило ми е што не ги послушав“, тврди денес Кејт, но не секогаш било така.
Убавата Американка предходно се молела за помали гради. „Секој ден се молев да имам помали гради. Барем два пати дневно тоа го посакував. Сакав да носам маици без градник или помали бикини“, рекла Кејт.
„Без оглед на својата желба, ги сакам своите гради и сум горда на нивната големина. Тоа е важна порака за сите девојки. Сакајте се онакви какви сте и бидете горди на тоа што сте“, заклучила Кејт која сега гордо ги покажува своите атрибути.